Ве информираме дека Атлетската федерација ќе земе учество на Балканското првенство за Сениори во сала кое ќе се одржи на 5ти март 2022г. во Истанбул , Турција на кое учество ќе земат 22 држави членки на Балканската федерација со преку 350 атлетичари а како наши преставници ќе учествуваат Јован Стојоски во дисциплината 400м со личен резултат и рекорд на Македонија 47,18сек , Дарио Ивановски во дисциплината 3000м со личен резултат и рекорд на Македонија 8.01.63сек, и Андреас Трајковски во дисциплината скок во далечина со личен резултат и рекорд на Македонија 7,65см и 60м со личен резултат 6,90сек .
Со оглед на тоа дека сите тројца во овој дел од сезоната значително ги соборија и подобрија националните рекорди во своите дисципли , а и самото учество на бранителот на титулата Балкански шампион Дарио Ивановски кој минатата година донесе златен медал од ова првенство , нескромно очекуваме повеќе медаљи .
Саатница и стартни листи можете да погледнете на следниот линк : http://www.balkan-athletics.eu/
Им посакуваме успешен настап .