Македонската младинска репрезентација достојно ја претставуваше нашата земја на Европскиот Младински Олимписки Фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, еден од најголемите атлетски настани за млади во Европа!
Репрезентацијата на Македонија за овој настан беше составена од следните атлетчарки и атлетичари:
Лина Исени, Лина Аневска, Ева Митевска, Јумна Фетаху
Михаил Стошевски, Марко Димитров, Дамјан Ѓоргиевски, Марко Ристов, Марио Пешевски, Иван Поповски, Атанас Кајчевски
Посебно се истакнаа:
- Јумна Фетаху – Нов национален рекорд (У18) во ѓуле со резултат од 13.67м
- Михаил Стошевски – Нов национален рекорд (У18) на 110м пречки со време 14.95 сек
- Штафета 100-200-300-400м (Поповски, Димитров, Ристов, Ѓоргиевски) – Нов национален рекорд (У18) со време 2:01.14
- Ева Митевска – Лични рекорд на 100м: 12.49 сек и на 200м: 26.50 сек
- Дамјан Ѓоргиевски – Личен рекорд на 400м: 51.63 сек
- Марко Ристов – Одличен резултат на 200м: 22.55 сек
- Марио Пешевски – Личен рекорд во трискок: 13.46м