Светско Првенство Токио 13-21 Септември

Во периодот од 13 до 21 Септември во Токио, Јапонија се одржува најголемиот атлетски собир.

На ова големо натпреварување настапија нашите најдобри атлетичари Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, по претходно остварени норми преку ранкинг системот на Светска Атлетика.

Адријана во лавовска борба со пеколните временски услови за маратон, го даде својот максимум за Македонија успевајќи да се пласира на 62-то место од вкупно 73 атлетичарки кои ја стартуваа трката, со време од 03:01.49.

Дарио во голема борба со истрајност и цврста воља, го даде својот максимум за Македонија успевајќи да се пласира на 58-то место од вкупно 88 атлетичари кои ја стартуваа трката, со време од 02:26.31.

Честитки за Адријана и Дарио што успешна ја претставија Македонија на светската сцена.