-
10.6.2025
-
Вести, Натпревари, Резултати, Рекорди, Настани
Викендов бевме сведоци на уште едно возбудливо Национално Првенство во сениорска конкуренција, кое се одржа во преубавиот амбиент на арената “Тодор Проески”.
Повеќе од 130 натпреварувачи од целата земја се натпреваруваа во над 20 дисциплини, давајќи го својот максимум, во неворјатна борба остварувајќи врвни резултати, не потсетија зошто атлетиката е кралицата на спортовите.
Најуспешните клубови по бројот на освоени медали за 2025 година се:
АК Куманово –10 златни 9 сребрени 5 бронзени
АК Делта – 10 златни 6 сребрени 7 бронзени
АК 7-ми Мај –5 златни 7 сребрени 7 бронзени
Истотака оваа година бевме сведоци на два нови државни рекорди:
Миљана Ристиќ во дисциплината 3000м Стиплчес со нов рекорд од 10:49.90
Теа Алексовска Фрлање диск (младинска категорија, жени) со резултат од 37.71м.
Големи честитки до сите натпреварувачи за остварените резултати и успеси!