-
06.5.2025
-
Вести, Натпревари
Вчера на Арената Тодор Проески се одржаа натпревари во детска атлетика во организација на Атлетскиот Клуб Аеродром и Атлетската Федерација на Македонија.
На програмата беа 4 натпревари и тоа трки на 40м за категориите под 10 и под 8 години, трки на 60м во категориите под 14 и под 12 години, како и скок во далечина и фрлање на детско копје за сите старосни категории.
На овие натпревари учество зедоа повеќе од 100 дечиња од повеќе клубови во државата, а најдобрите во своите дисциплини беа наградени со дипломи и пофалници.
Честитки за сите деца кои се иднината на атлетиката во Македонија.