Балкански Медал за Андреас Трајковски

Андреас Трајковски со бронзен медал во скок во далечина од Балканијадата за сениори во атлетика!
 
Уште еден голем успех за Андреас Трајковски, со што ја потврдува одличната форма која ја има оваа сезона.
Во Волос во Грција се одржа Балканијадата за сениори каде во силна конкуренција Андреас го освои бронзениот медал со скок од 7 метри и 77 сантиметри остварен во последната серија.
Златниот медал му припадна на Милтиадис Тентоглу од Грција, актуелен Олимпсики, Светски и Европски првак, со скок од 8 метри и 7 сантиметри, додека сребрениот медал го освои Божидар Сарабујуков од Бугарија, актуелен Европски првак во сала, со скок од 7 метри и 90 сантиметри.
 

“Многу сум среќен што денес освоив бронзен медал за Македонија. Условите со ветерот беа навистина тешки за сите скокачи, па затоа сум навистина задоволен со скокот од 7.77 метри против Милтос Тентоглу. Со подобри услови, денес беше можно и 8 метри.“, ни изјави Андреас после овој огромен успех.