ЗА НАС

Атлетиката во Македонија во модерна смисла на зборот, датира уште од пред Втората свтеска војна, кога во рамките на соколските друштва се организирани и спроведувани атлетски натпревари.
По втората светска војна, атлетиката во Македонија го започнува својот брз развој, освојувајќи голем број на љубители меѓу студентската и работничка младина. Формирани се првите атлетски клубови и секции, се започнува со изградба на првите атлетски борилишта, и се образуваат првите стручни кадри, кои започнуваат со работа во клубовите.
Атлетската федерација на Македонија, како форма на организирање на атлетскиот спорт основана е 1947 година, поточно тој во сојуз прераснал од Атлетскиот одбор кој по ослободувањето делувал во рамките на тогашниот Фискултурен сојуз на Македонија.
Првото Републичко првенство во крос на Македонија одржано е 1947 година во Скопје и истото непрекинато се одржува до денес.
Првото поединечно првенство на Македонија за сениори, одржано е
1950  година,  а  првото  јуниорско  поединечно  првенство  одржано  е  1953 година, првото поединечно првенство за јуниорки одржано е 1954 година.
Прв настап на атлетската репрезентација на Македонија бил во 1947 година, кога е одржан двомеч со репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Голем број на атлетичари во Македонија земаа учество на најзначајните атлетски натпревари, ширум светот.
Од осамостојувањето, Атлетската федерација на Македонија стана член на сите меѓународни атлетски асоцијации.
Денес Атлетската федерација е модерно организиран и меѓународно поврзана федерација која својата перспектива ја гледа исклучиво во сестараниот развој на атлетскиот спорт во нашата држава.
Атлетската федерација на Македонија е препознатлива по својот континуиран развој, функционалноста , а посебно по организираноста и постигнатите резултати. АФМ редовно ги следи сите реформи и  настојува да одржи чекор со истите со крајна цел – реализација на програмата која ќе одговори на сите предизвици и ќе продуцира силни клубови,  атлетичари-ки со успешни резултати а тренери со квалитетни знаења, вештини и способности.
 А ТЛ ЕТ СКАТ А  ФЕД Е РА ЦИЈА  НА  МАКЕД ОНИЈА   – Ч ЛЕ Н  НА  МЕ ЃУ НАР ОД НИ  ИНСТ ИТ У ЦИИ
На 39-от Конгрес на ИААФ, кој се одржа 1993 година во Штутгарт, АФМ стана рамноправен член на највисоката и најбројната атлетска асоцијација на светот
Од 1994 година АФМ е член на и на Европската атлетска асоцијација, во чија работа со успех се вклучи и активно учествува во изминатите години.
Од 1996 година во месец фебруари, во Атина на Конгресот на Балканската атлетска асоцијација, АФМ беше примен за нејзин рамноправен член.
Од 2013 година станува член на Медитеранската атлетска унија.
ПР ЕТ СЕД АТ ЕЛ И  НА  А ТЛ ЕТ СКАТ А  ФЕД Е РА ЦИЈА  НА  МАКЕД ОНИЈА
1. Боге КУЗМАНОВСКИ
2. Јоцо СТАМЕНКОВСКИ
3. Душко ГЕОРГИЕВСКИ
4. Џоџа ГРЕГОВСКИ
5. Ташко АПОСТОЛСКИ
6. Живко ВАСИЛЕВСКИ
7. Гоче НАПЕВСКИ
8. Тошо ПЕЛИВАНОВ
9. Мирко ПАВЛОВСКИ
10. Страте АРСОВСКИ
11. Миле ПЕПОВСКИ
12. Лазо ЧИТКУШЕВ
13. Љупчо ТРАЈЧЕВ
14. Ѓорѓи ЧАДИКОВСКИ
15. Чеде ШАРЕВСКИ
16. Дончо КОЕВСКИ
17. Љупчо Трајчев
18. Милош БУЦЕВСКИ
19. Ристо ЉАПЧЕВ
20. Крсто МИШЕВСКИ
21. Зоран РАДИЌ
22. Цветко ГРОЗДАНОВ
23. Крсто СЕРАФИМОВСКИ
24. Александра ВОЈНЕСКА ЗИКОВА