-
06.5.2025
-
Вести, Натпревари
Викендов во Скопје се одржа Меѓународниот Атлетски митинг Скопје 2025 во организација на Атлетскиот Клуб 7-ми Мај и Атлетската Федерација на Македонија.
На овој натпревар учество зедоа повеќе од 160 натпреварувачи од државата како и гости од Србија, Косово и Албанија. На програмата во машка конкуренција се одржа натпревари во дисциплините 100м, 400м, 1500м, скок во далечина, скок во височина, кладиво и диск, додека кај женските дисцплини се одржаа натпреаври на 100м, 400м, 3000м, скок во далечина, трискок, ѓуле и диск.
Истотака во склоп на овој натпревар беа организирани детски трки на 60м и 300м каде учество зедоа повеќе од 80 дечиња од ателтските клубови во Македонија.