Актуелно

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО САЛА 2023, Истанбул

Со Европското првенство во сала што се одржа од 2-5 Март во Истанбул, Турција и официјално заврши зимската атлетска сезона.

Нашите атлетичари настапија на повеќе митинзи во соседството и странство и како највредни би ги потенцирале настапите на Дарио Ивановски, Андреас Трајковски, Јован Стојоски и Дрита Ислами.

Токму, највредниот резултат по бодови на Дарио Ивановски на 3000 м 7:59.51 и државниот рекорд на 400м на Дрита Ислами од 55.84 беа причина и за нивниот настап на ЕП каде се пласираа на 20 односно 25 место.

Да им посакаме успех на сите атлетичари во сезоната на отворено која што наскоро започнува 🔴🟡