Актуелно

Семинар „ Детска Атлетика „

По успешната промоција на проектот „ Детска Атлетика „ во првата фаза , денес 24.04.2021г. согласно последните измени во акциониот план и со употреба на средства за електронска комуникација се одржа Првиот онлине Семинар за „ Детска Атлетика „ наменет за едукација на преставници од Атлетските клубови носители на проектот “ Детска Ателтика „ како и за лицата задолжени за работа со деца од најрана возраст во Атлетските клубови идни кандидати за вклучување во Проектот , на кој беа понудени теми за Дисциплини и реквизити , нивна презентација и практична изведба, Осврт на организациската поставеност на натпреварите , сумирање резултати , бодување, рангирање , кодекс на донесување како и за материално финансиската помош т.е. Месечните извештаи и Договорите , на кој учество зедоа 34 преставници од 17 атлетски клубови членки на Атлетската федерација .

Семинарот го спроведоа  Канцеларијата на АФСМ и Координаторите на проектот и тоа :

Генерален секретар / Координатор  Дејан Ангеловски

Стручен секретар / Координатор  Јованче Јанковски

Координатор Ана Кајчевска

Координатор Крсте Војнески