Актуелно

Проект „ Детска Атлетика „

Ве информираме дека Атлетската федерација на Македонија согласно Развојната програма 2020-25  , започна со реализација на проект „ Детска Ателтика „ , поточно ќе реализира Атлетска лига за дечиња на возраст од 7 до 10 години , по програма на Светската атлетска федерација кој ќе опфати формирање на специализирани секции во склоп на Атлетските клубови со соодветни реквизити за спроведување на тренинг во текот на целата година , со кое е предвидено и да се  организираат 10 атлетски натпревари во 7 градови во Републиката , и тоа : Охрид , Тетово , Куманово , Прилеп , Кавадарци , Велес и Скопје .

Целта на овој проект е зголемување на свеста кај граѓаните за спортските активности и зголемувањето на натпреварувачкиот дух кај децата , преку анимација и континуиран тренажен процес во текот на целата година , а со тоа и развој на атлетските клубови и рана селекција на децата преку насочување кон атлетскиот спорт .

Па така , денес Ателтската федерација на Македонија ја реализира втората фаза од акцискиот план на проектот „ Детска Ателтика „ и на ателтските клубови носители на проектот им  додели „ Специализиран сет за Детска атлетика „  како би можеле да го збогатат тренажниот процес .

Клубови кои се опфатени со проектот за 2021 година се :

  1. АК Делта од Скопје
  2. АК 7ми Мај од Скопје
  3. АК Куманово од Куманово
  4. АК Лириа од Скопје
  5. АК Работнички од Скопје
  6. АК Охрид од Охрид
  7. АК Студенти од Тетово
  8. АК Стеваноски од Прилеп
  9. АК Кавадарци од Кавадарци

Проектот е планира за период 2020 – 2025 година  , со тенденција да секоја година се зголемува бројот на атлетски клубови вклучени во истиот .