Актуелно

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ 19-20.09.2020год

Балканската атлетската федерација во соработка со Романнската Атлетска федерација претстојниот викенд на 19ти и 20ти Септември 2020 година во Клуж Непоха , Романија ќе организираат 73тото издание на Балканско првенство за Сениори-ки , по строгите протоколи за организација на Меѓународни спортски настани , на кое Атлетската федерација на Македонија ќе земе учество со нашите најдобри сениори , медалисти од претходното Европско екипно првенство кое се оддржа минатата година во Скопје и тоа :

Дрита Ислами од Атлетскиот клуб „ Работнички „ на 400метри со пречки ,

Дарио Ивановски од Атлетскиот клуб „ Делта „  на 1500метри и 3000метри ,

Јован Стојоски од Атлетскиот клуб „ Охрид „ на 200метри и 400метри ,

Стефан Стефаноски од Атлетскиот клуб „ Охрид „  во фрлање диск .

Натпреварот ќе се одржи на Арената „ Клуж „ , а на шампионатот учество ќе земат околу 300 спортисти од 12 држави членки на Балканската федерација , и тоа  : Бугарија, Украина, Ерменија, Молдавија, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија, Турција, Босна и Херцеговина, Романија и Хрватска.

Им посакуваме успех и висок пласман.

Натпреварот ќе се пренесува во целост во живо на Фејсбук страницата на Романската атлетска федерација: https://www.facebook.com/fratletism/photos/gm.1217365808664582/696439474280636/?type=3

Резултати во живо : https://www.fra.ro/live/2017/j2nat/

Стартни листи : http://www.balkan-athletics.eu/2020/pdf/Start%20Lists%20BCH2020.pdf

Саатница : https://www.fra.ro/wp-content/uploads/2020/09/Timetable-balcaniada-final-Cluj-2020..pdf