Заклучно со денешниот ден одржани се 9 сесии за развој и унапредување на Атлетските федерации членки на Светската атлетска федерација , сесии на кои канцеларијата на АФМ редовно е вклучена во интерактивни предавања преку кои се информираат и перманентно се едуцираат нашите спортски работници .
Теми кои досега се опфатени преку Информативните on-line сесии се :
- 10.06.2020 – Враќање во нормала по COVID -19
- 17.06.2020 – Стратешки план на Светската атлетика 2020 – 2023
- 24.06.2020 – Атлетска Интегративна Унија (AIU) : Новости и Улогата на членките федерации
- 01.07.2020 – Комуникации : Глобални трендови и концепт за развој на нашиот спорт
- 08.07.2020 – Рекламирање : Упатства и подршка на членките федерации
- 15.07.2020 – Натпревари : Усогласување на светскиот календар
- 22.07.2020 – ТВ Пренос : како ТВ индустријата е засегната од COVID – 19
- 05.08.2020 – Заклучоци донесени на Извршен обдор на Светската федерација
- 19.08.2020 – Натпревари : Враќање на уличните трки
- 02.09.2020 – Одржливост : 10 годишен план на одржливост
- 16.09.2020 – Апликација за натпревари од светскиот календар : начини и можности
Целта е изнаоѓање на подобри и нови методи и насоки за поекспедитивен развој на федрациите во услови на светска пандемија , во националните системи , како и подобрување на комуникацијата и заедничката соработна на одредени ареи како што е во нашиот случај Балканската федерација , Информации за новите амандмани за измени и надополнување на Атлетските правила , квалификациони ситеми за претстојни Светски Европски и Олимписки првенства итн.
Презентациите од сите предавања можете да ги превземете на следниот линк : https://iaaf.sharepoint.com/sites/mf-info-sessions/