Актуелно

ЕВРОПСКА АТЛЕТСКА КОНВЕНЦИЈА 2024 – Скопје

ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА НАС
      Организацијата на Европската атлетска конвенција, за 2024год официјално ѝ е доделена на Македонија. Со оваа одлука, огромна доверба ѝ е укажана на нашата Атлетска федерација, како резултат  на  нашето  прогресивно и проактивно меѓународно дејствување.
       “Нашето лобирање во Талин неодамна, кога бевме на Европската конвенција и во Атина  на Балканскиот  конгрес,  вроди  со плод. Во склоп на Европската   конвенција традиционално се избираат и најдобрите атлетичари на Европа што значи елитата во 2024год доаѓа во Македонија” – изјави  Александра  Војнеска  Зикова,  Претседателка на АФМ
      Оваа фотографија е убав спомен, од нашите меѓународни активности, како АФМ со Лордот Sebastian Coe – Претседател на Светската асоцијација на атлетски федерации кој во 2025 година ќе биде и кандидат за Претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).