Нов национален рекорд за пионерки за Јана Анастасовска!

Младата атлетичарка на АК Куманово, Јана Анастасовска, постави нов национален рекорд за девојчиња под 16 години во дисциплината 60 метри со пречки, на XIV Меѓународен атлетски митинг „11 Октомври“, одржан на 10 октомври во Куманово.

Јана победи со резултат 10.19 секунди, подобрувајќи го претходниот национален рекорд од 10.38 секунди.

Со само 14 години, Јана покажа голем потенцијал и најави уште многу успешни настапи во иднина.

Честитки до Јана Анастасовска и нејзиниот тренер за новиот национален рекорд!