-
21.9.2026
-
Вести, Резултати
Македонската репрезентативка Дарија Крстевска настапи на трката на 5 километри на Светското првенство во трчање на пат во Копенхаген.
Дарија ја заврши трката со резултат 19:22 и го освои 42. место во конкуренција од исто толку учеснички.
За 19-годишната Крстевска ова беше прв настап на едно Светско првенство и драгоцено искуство во конкуренција на атлетичарки од светскиот врв.
Како убедливо најмлада учесничка во трката на 5 километри, Дарија зад себе има значаен чекор во својата млада кариера, а пред неа се уште многу простор за развој, напредок и нови настапи на големата меѓународна сцена.
Честитки за дебитантскиот настап на едно Светско првенство и достојното претставување на Македонија.