-
11.9.2026
-
Вести, Натпревари, Настани
Македонската атлетика имаше свои претставници на European Kids Athletics Games (EKAG) 2026, кои од 27 до 30 август се одржаа во Брно, Чешка со учество на повеќе од 3.000 млади атлетичари.
На ова големо меѓународно натпреварување настапија млади атлетичари од АК Аеродром Скопје и АК Камјани, кои забележаа повеќе успешни настапи во силна конкуренција.
Од АК Аеродром Скопје, Антонио Каракабаков истрча 7.88 на 60 м (ЛР) за 18. место, 40.24 на 300 м за 18. место, а најголемиот успех го оствари во скок во далечина, каде со личен рекорд од 5.79 м го освои 5. место во финалето. Тој настапи и во мешаната штафета 4х300 м – 2:59.14. Иван Савески забележа 8.80 на 60 м и личен рекорд од 43.83 на 300 м, а беше дел и од мешаната штафета 4х300 м – 2:59.14. Никола Терзиоски настапи со 8.34 на 60 м и 42.29 на 300 м, што претставува негов личен рекорд.
АК Камјани беше претставен од пет атлетичари. Елјана Салаи го освои 36. место на 60 м од 260 натпреварувачки и 26. место на 150 м од 241, со победа во својата група на 150 м. Дијар Џемаили беше 33. на 60 м, 34. на 150 м и 16. на 800 м, само едно место од финалето. Амела Абдији го освои 34. место на 800 м и 120. место на 150 м.
Одличен настап имаше и Арти Џеладини, кој се пласираше во Б-финалето на 60 м и го освои 10. место во конечниот пласман, додека на 300 м победи во својата група и заврши на 12. место од 83 натпреварувачи. Берина Синани настапи во спринтерските дисциплини и стекна значајно искуство во меѓународна конкуренција.
Посебно признание за АК Камјани беше и изборот на двајца нивни атлетичари за учество во свеченото отворање и церемонијата на носење на факелот.
Честитки до сите атлетичари, нивните тренери и клубовите АК Аеродром Скопје и АК Камјани за успешното претставување на македонската атлетика на EKAG 2026!