Изминатитот викенд на отворено првенство на Шведска , нашиот атлетичар Андреас Трајковски , кој од неодамна ја доби согласноста од Светската федерација , за промена на националност , и кој од 9ти февруари 2022г. е член и ќе ја претставува нашата федерација , оствари рекорд во дисциплината скок во далечина со резултат 7,33см , рекорд стар 27 години кој изнесуваше 7.13см поставен од Тони Дамчески во 1995 година.
Покрај во дисциплината во скок во далечина андреас настапи и на трката на 60м , каде постигна резултат во финалето 6,97сек и се пласираше на 4тото место .
Комплетни резултати од неговиот настап можете да погледнете на следниот линк : https://easyrecord.se/result?2V9bOO
Му честитаме и му посакуваме успешна предстојна атлетска сезона и кариера под нашето знаме .