Актуелно

Балканско првенство за Младинци во сала 12.02.2022г. Белград

Во организација на Српската федерација утре 12.02.2022г.  во Белград ќе се одржи Балканско првенство за Младинци во сала . На натпреварот учество ќе земат  23 држави членки на Балканската федерација со околу 250 учесници во 24 дисциплини .

Македонската делегација предводена од Стручниот тим и Селекторот ќе ја претставуваат нашите младинци и младинки : Камелија Кајчевска во дисциплината скок во далечина , Сара Османовска во дисциплините 60м и скок во далечина , Снежана Тунеска во дисциплината 60м , Огнен Стефановски во дисциплината 400м и Владимир Битољану во дисциплината на 60м , кои ќе се обидат да ги подобрат своите лични резултати и да остварат висок пласман на ова силно натпреварување .

Им посакуваме успех  .

Старни листи , саатница и резултати: https://data.opentrack.run/en-gb/x/2022/SRB/bich_u20/event/