-
29.4.2025
-
Вести, Натпревари, Резултати
Викендов на националната арена Тодор Проески се одржа меѓународниот атлетски митинг “Отворање на Сезона 2025”.
На овој натпревар бевме сведоци на одлични резултати и одлична борба помеѓу натпреварувачите. Беа остварени забележителни резултати и во машка и во женска конкуренција.
Кај девојките забележителен настап имаше нашата млада атлетичарка Ева Митевска која истрча одлично време на трката од 100м со резултат од 12.77 и го освои второто место, а дури 5 девојки истрчаа под границата од 13 секунди, додека кај мажите забележителни резултати беа остварени на трката на 400м каде победник беше Леон Тачи од Косово со одличен резултат од 48.94, а фантастичен резултат на оваа дисциплина имаше нашиот атлетичар Михаил Петров кој успеа да ја симне границата од 50 секунди на 400м трчајќи резултат од 49.77.
Интересно беше и на трката на 100м каде во тесна борба Марко Алексовски го освои првото место со резултат од 10.99, а во дисциплината скок во далечина Брајан Авиа успеа да постави нов личен рекорд од 6.95, приближувајќи се до границата од 7м.