Актуелно

ЗЛАТНА ОЛИМПИЈА 2021

На 20-ти Декември, во присуство на претставниците на Националните спортски федерации, Олимпискиот Комитет на Северна Македонија организираше манифестацијата “Златна Олимпија“, манифестација посветена на половата рамноправност во спортот , која има за цел да ја унапреди позицијата на жената во спортот .

Како номинирани во изборот за Најдобра спортистка во индивидуалните спортови се најдоа нашите најдобри атлетичарки Дрита Ислами и Адријана Поп Арсова , а признанието отиде во рацете на Мери Акиевска .

Додека за најдобар тренер во 2021 година е прогласена нашата претседателка и тренер на Дрита Ислами , Александра Војневска Зикова .

Преносот од манифестацијата е закажан на ТВ  Канал 5 во сабота (25.12.2021) со почеток од 17 часот.

Повеќе информации и слики од настанот можете да погледнете на следниот линк : https://www.facebook.com/makedonskiolimpiskikomitet.mok/posts/3120795128132100