КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПИОНЕРИ И ПИОНЕРКИ 2026

На 6 септември се одржа Купот на Македонија за пионери и пионерки, во организација на Атлетската федерација на Македонија. Натпреварувањето се реализираше во два града – фрлачките дисциплини во Куманово, додека тркачките и скокачките дисциплини се одржаа на Градскиот стадион во Велес.
Младите атлетичари прикажаа одлични настапи и борбеност во текот на целиот натпревар. Меѓу позначајните индивидуални резултати се издвојуваат Арти Џеладини (Камјани) со победи на 100 м со 12.05 и на 300 м со 38.90, Антонио Каракабаков (Аеродром) со победа во скок во далечина со прескокнати 5.70м, Теодора Наумова (Охрид Трчат) со најдобар резултат на 100 м кај пионерките – 13.43, како и Ељана Салаи (Камјани) со одлични 44.35 на 300 м. 

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН – МАЖИ
  • Камјани – 38 бодови
  • Аеродром – 35 бодови
  • Охрид Трчат – 32 бодови

КОНЕЧЕН ПЛАСМАН – ЖЕНИ
  • Работнички – 93 бодови
  • Куманово – 61 бод
  • Охрид Трчат – 47 бодови

Честитки до сите атлетичари, тренери и клубови за постигнатите резултати и учеството на Купот.