Марта Димковска со нов Национален Рекорд на 300 метри!

На Купот на Македонија за пионери и пионерки, кој изминатиот викенд се одржа во Велес, Марта Димковска настапи вон конкуренција во дисциплината 300 метри и со одличен резултат од 41.27 секунди постави нов национален рекорд во три возрасни категории – У18, У20 и сениорки!
Со овој резултат Марта ги подобри досегашните рекорди на:
  • У18: Жанета Дрнковска – 42.04
  • У20: Дрита Ислами – 41.85
  • Сениорки: Христина Ристеска – 41.35

Марта ја истрча трката за 41.27, со што запиша ново име во националните рекордни листи во македонската атлетика. 

Честитки за Марта Димковска и нејзиниот тренер за одличниот резултат и новиот национален рекорд!