Актуелно

ПОДГОТОВКИ ДОЈРАН 2021

Согласно планот и програмата за работа на Селекторот и Федерацијата , од 08ми Декември па се до 15ти Декември 2021 година , Атлетската федерација на Северна Македонија за пошиток список на спортисти  спроведува тренинг камп подготовки во Дојран  , во  идеални услови за тренинг : спортски терени , спортска сала и теретана.

За времетраење на подготовките , атлетичарите-ките имаа можност да земат учество и на „ Атлетската конференција „ во точката „I RUN CLAEN„ , и да се информираат за Анти-допингот преку базичната интерактивна едукативна платформа и начинот за добивање на сертификат .

Подготовките се реализираат со цел подобрување на формата на спортистите за претстојните атлетски натпревари во оваа зимската сезона на затворено во Сала – Балканските првенства во Истанбул и Белград .