Актуелно

Репрезентативни подготовки – Бар , Црна Гора

И после повеќе од една година непредвидливост на календари и потешкотии во спроведување на планот и програмата за работа на Селекторот и Федерацијата , од недела 25ти Април па се до 2ри Мај 2021 година , Атлетската федерација на Северна Македонија за делегација од 10 спортисти ќе спроведе тренинг камп подготовки во Бар , Црна Гора , град кој поседува идеални услови за тренинг Атлетски стадион покрај море , а ги очекуваат и идеални сончеви денови за тренинг .

За времетраење на подготовките , атлетичарите-ките ќе имаат можност да земат учество на традиционалниот Атлетскиот митинг во Бар кој ќе се одржи во сабота на 1ви Мај 2021 година .

Подготовките се реализираат со цел подобрување на формата на спортистите за претстојното Европско првенства во Фрлачки дисциплини кое ќе се одржи на 8ми и 9ти Мај во Сплит , Хрватска ,  како и Европското Екипно првенство кое ќе се одржи на 19ти и 20ти Јуни во Лимасол , Кипар.