Актуелно

Златен медал од Балканското првенство во сала за сениори

На денешното Балканско првенство за Сениори-ки во сала кое се одржува во Истанбул / Турција на кое учество земаа 22 држави членки на Балканската федерација со преку 250 атлетичари , нашиот најдобар атлетичар Дарио Ивановски во трката на 3000м го освои 1вото мести и ЗЛАТНИОТ медал со резултат 8.03 .95 .

покрај него на Балканското првенство учество зема и Јован Стојоски  во трката на 400м кој го освои 10тото место со резултат 48.62 сек .

Им честитаме за успехот.