Актуелно

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНЦИ 12-13.09.2020год. и БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО МАРАТОН 13.09.2020год.

БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА МЛАДИНЦИ 12-13.09.2020год. и БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО МАРАТОН 13.09.2020год.

И покрај светската корона криза, и строгите протоколи за организација на Меѓународни спортски настани , Балканската атлетската федерација продолжува со спроведувањето на календарот, па така овој викенд на програмата се Балканското првенства за Младинци кое ќе се одржи на 12 и 13 Септември 2020 во Истанбул и Балканското првенство во Маратон во Ќустендил на 13 Септември 2020 год.
Наши преставници на првенството за Младинци се :
Марија Јованоска од АК Охрид на 100 и 200 метри, Ана Божиновска од АК Центар на 100 и 200 метри, Гала Урдаревска од АК Работнички во Скок во далечина и Дијана Вукановиќ од АК Куманово на 400 метри.
Додека за Балканскиот маратон, единствена преставничка е Весна Кираџиева од АК Индјуранс.
Им посакуваме успех и висок пласман.