Поштенски Фах 5, 1000 Скопје, Македонија | тел/факс + 389 2 3131325 | mkd@mf.iaaf.org

 

почеток

за АФМ

документи

новости

клубови

календар

резултати

рекорди

галерија

контакт

 

 

 

 
 

Сениорското поединечно првенство ќе се одржи на 4 јули

Се информираат сите атлетски клубови дека Сениорското поединечно првенство ќе се одржи во Скопје, на 4 јули со почеток во 16 часот. Се молат сите клубови своите пријави да ги испратат до канцеларијата на АФМ најдоцна до 3 јули (15 часот), на емаил kancelarija@afm.org.mk или на факс 02/3131325.
- сатница за поединечно сениорско првенство


(
01 јули 2009)

 

Во Сараево поставени два младински рекорди

На 1-то Европско екипно првенство, 3 лига, кое на 20 и 21 јуни се одржа во Сараево (БиХ) беа поставени два младински рекорди. Машката штафета на 4 х 100 метри во состав Кафтановски, Ефремов, Мирчевски и Ајдаров постави нов младински рекорд со резултат од 44.17 секунди, додека Александра Спасеска постави нов рекорд за младинки во дисциплината троскок со прескокнати 10 метри и 45 сантиметри.
Најдобар пласман кај жените оствари Ивана Рожман (5 место на 200 метри, 6 место на 100 метри), додека кај мажите најдобар пласман забележаа Дејан Ангеловски (8 место во кладиво и копје) и Славчо Мирчевски (8 место во троскок).
Највреден резултат според ИААФ бодовите од македонските представници  забележа Ивана Рожман на 200 метри, 25.67 секунди.
Екипно Македонија го зазема 13 место, во конкуренција на 13 земји учесниќки во 3-та лига. Во 2-та лига пласман обезбедија репрезентациите на Израел и Молдавија.

- резултати од Европското екипно првенство во Сараево

(
22 јуни 2009)

 

Македонската репрезентација во среда патува за Сараево

Селекторот Влатко Димитров го одреди составот на репрезентацијата на Македонија која на 20 и 21 јуни ќе учествува на 1-то Екипно европско првенство, а Македонија ќе настапи во 3-та лига која ќе се одржи во Сараево (БиХ).
Нашите репрезентативци-ки во Сараево ќе се натпреваруваат со атлетичарите-ке од уште 13 земји, а тоа се:
Албанија, Андора, Ерменија, Азербеџан, Босна и Херцеговина, Данска, Грузија, Исланд,  Израел, Луксембург, Молдавија, Црна Гора и Асоцијацијата на мали земји во Европа.

Ова натпреварување до минатата година го носеше името Куп на Европа, а од оваа година се трансформираше во Екипно европско првенство на кое ќе бидат воведени нови правила во некои дисциплини.
- состав на репрезентација за Сараево

(14
јуни 2009)

 

АК Охрид севкупен победник на сениорскиот Куп

Со натпреварите во диск, скок во далечина и трискок, одржани на 12 јули во Скопје, заврши Купот за сениори-ки на Македонија. Севкупен победник е АК Охрид од Охрид со 75 освоени бодови, второто место го зазема ПАК 7-Мај од Скопје со 74 бода, додека третопласиран клуб е АК Изгрев од Велес со 61 бод.
Кај мажите победници се атлетичарите на АК Охрид од Охрид, додека кај жените атлетичарките на АК 3-Ноември од Прилеп.
- резултати од финалето на купот


(13
јуни 2009)

 

На 14 јуни Државно првенство во планонско трчање на Караџица

На 14 јуни со почеток во 9.00 часот на Караџица ќе се одржи Поединечно државно првенство во планинско трчање кое воедно ќе биде и изборен критериум за Европското првенство во планинско трчање.
- покана за учество


(11
јуни 2009)

 

Материјали за Редовно Собрание на АФМ

Ве известуваме дека според член 41 од Статутот на АФМ, Извршниот одбор на АФМ на својот редовен работен состанок одржана на 5 мај 2009 година донесе одлука Редовното Собрание да се одржи на 13 јуни во Охрид.
Редовното Собрание ќе се одржи во Хотелот Инекс во Охрид со почеток во 11 часот.
Материјали за Редовното собрание:
- дневен ред
- извештај за работата на АФМ за 2008 година

- извештај од селекторот Влатко Димитров
- извештај од Судиска комисија
- промена на член на Статутот на АФМ по барање од ИААФ
- клубови кои имаат право на глас
- клубови кои учествувале на натпревари во 2008 година
- полномошно за делегати


(
05 јуни 2009)

 

Финалето на сениорскиот Куп во Велес на 6 и 7 мај

Ги известуваме сите клубови дека Финалето на Купот на Македонија за сениори-ки ќе се одржи во велес на 6 и 7 јуни. Во сабота натпреварите ќе започнат во 16 часот, додека во недела во 10 часот. Натпреварувачката комисија ги разгледа барањата од неколку клубови и донесе одлука во дисциплината 100 метри сениори и сениорки во Финалето да настапат првите 12 од квалификациите, а да се бодуваат само првите 6. Заради немање на технички услови на стадионот во Велес, дисциплините фрлање диск (мажи и жени), скок во далечина (мажи и жени) и трискок мажи ќе се одржат на 12 јуни на Градскиот стадион во Скопје со почеток во 16 часот.
- резултати од квалификации
- сатница за финале


(
03 јуни 2009)

 

Квалификациите за сениорскиот Куп во Скопје на 23 и 24 мај

На 23 и 24 мај во Скопје ќе се одржат квалификациите на Купот на Македонија за сениори-ки. Во сабота стартот на квалификациите е закажан за 15.45 часот, додека за недела во 9.45 часот. Се повикуваат сите клубови да ги испратат своите пријави најдоцна до 22 мај (петок) до 16 часот на емаил kancelarija@afm.org.mk или факс 02/3131325. Пријавите треба да ги содржат следните податоци: клуб, име и презиме, датум на раѓање, дисциплина и најдобар резултат.
- инфо за квалификации
- сатница за квалификации


(
18 мај 2009)

 

Државни првенства на 10.000 метри и во маратон

На 3 мај во Скопје ќе се одржи Државното првенство на 10.000 метри, додека на 10 мај во рамките на Скопскиот маратон ќе се одржи Државно првенство во маратон.
- Државно првенство на 10.000 метри
- Државно првенство во маратон


(
28 април 2009)

 

Во Велес стартуваше новата сезона на отворено

На 25 април со атлетски митинг во Велес стартуваше новата сезона.
- резултати од натпреварот


(
26 април 2009)

 

Македонија со 14 крос тркачи на Балканијадата во Србија

На 14 март (сабота) во Сурчин (Србија) ќе се одржи 54-то Балканско првенство во крос на кој учество ќе земе и атлетската репрезентација на Македонија. За овој Балкански крос селекторот Влатко Димитров ги повика следниве атлетичари-ки:
10 км – сениори
Ѓорѓи Трендафилов, Сашо Даневски, Горан Стојанов
8 км – сениори до 23 години
Марко Ивановски, Александар Кираџиев, Марјан Стојков
6 км – јуниори
Борис Даневски, Бојан Милчевски, Огнен Павловски, Дарко Костадинов
4 км – јуниорки
Александра Митроска, Фросина Ристеска, Христина Ристеска, Симона Трајановска

Со репрезентативците во Сурчин покрај селекторот Влатко Димитров, заминаа и тренерот Божурка Ѓошевска и в.д. стручниот секретар Дејан Ангеловски.

(
12 март 2009)

 

Рожман го заврши својот настап на ЕП во сала

Ивана Рожман беше единствената наша атлетичарка која зема учество на 30-то Европско првенство во сала, кое од 6 до 8 март се одржа во Торино (Италија). Рожман настапи во квалификациите во трката на 60 метри и постигна резултат од 8.05 секунди со што го зазема последното место во квалификациите. Најдобриот резултат на Рожман во сала на 60 метри, а воедно и македонски рекорд изнесува 7.74 секунди поставен оваа година на 31 јануари во Софија (Бугарија) на атлетскиот митинг “Академик“.
Во квалификациите на 60 метри во Торино најдобар резултат оствари Езине Окпараебо од Норвешка, со време од 7.22 секунди.

(
7 март 2009)

 

АК Работнички најдобар во севкупен пласман во крос

Атлетскиот клуб Работнички од Скопје е севкупен победник на државното првенство во крос, кое се одржа на 1 март во Велес во организација на АФМ и АК Изгрев од Велес. На првенството настапија околу 130 атлетичари-ки од 16 клубови.
- комплетни резултати од првенството во крос

(
2 март 2009)

 

Ивана Рожман со најдобар резултат на Балканијадата во сала

Највреден резултат од македонските репрезентативци на Балканијадата во сала, која вчера се одржа во Атина (Грција) постигна Ивана Рожман која патеката од 60 метри ја истрча за време од 8 секунди и 3 стотинки (935 бода според ИААФ таблица), со што го освои 8-то место.
Еве ги резултатите и пласманите на комплетната македонска репрезентација:
мажи
- Кристијан Ефремов / 60 м. - 7.51 (8 место од 8 натпреварувачи, прв беше Цимпеану од Романија со 6.71)
- Криситијан Ефремов / 400 м. - 51.76 (7 место од 7 натпреварувачи, прв беше Виеру од Романија со 46.70)
- Енис Даутовски / 800 м. - 1:57.64 (7 место од 8 натпреварувачи, прв беше Воровенци од Романија со 1:51.78)
- Ѓорѓи Трендафилов / 3000 м. - 9:29.04 (6 место од 6 натпреварувачи, прв беше Петрович од Србија со 8:06.65)
- Јованче Јанковски / скок во височина - 195 сантиметри (6 место од 6 натпреварувачи, прв беше Топич од Србија со 228 сантиметри)
- Славчо Мирчевски / скок во далечина - 6,44 метри (5 место од 5 натпреварувачи, прв беше Брегу од Албанија со 7,50 метри)
- Бојан Милчевски / 800 м. - 1:59.29 (надвор од конкуренција)
Екипен пласман - мажи:
1. Романија 96 бода, 2. Грција 89, 3.Србија 61 ... 8. Македонија 26, 9. Црна Гора 16, 10. Молдавија 15
жени
- Ивана Рожман / 60 м. - 8.03 (8 место од 8 натпреварувачки, прва беше Моросану од Романија со 7.48)
- Христина Ристеска / 400 м. - 1:01.13 (7 место од 7 натпреварувачки, прва беше Ионита од Романија со 55.35)
- Александра Спасеска / скок во далечина - 5,14 метри (6 место од 6 натпреварувачки, прва беше Тигау од Романија со 6,36 метри)
- Александра Спасеска / 60 м. - 8.34 (надвор од конкуренција)
Екипен пласман - жени:
1. Романија 100 бода, 2. Грција 94, 3. Србија 79 .... 8. Македонија 12, 9. БиХ 11

(
22 февруари 2009)

 

Првенството на Македонија во крос на 1-ви март во Велес

На 1-ви март во Велес ќе се одржи првенството на Маедонија во крос во организација на АК “Изгрев“ од Велес и АФМ. Овој натпревар ќе биде и изборен за состав на репрезентацијата која ќе настапи на Балканскиот крос кој ќе се одржи на 14-ти март во Србија.
Се повикуваат сите атлетски клубови најдоцна до 27 февруари да ги испратат пријавите за учество.

- покана за учество до сите атлетски клубови
- сатница на натпреварот
- пријава

(18 февруари 2009)
 

Ивана Рожман победи на митинг во Софија

На 31 јануари во Софија (Бугарија) се одржа меѓународен атлетски митинг во сала, на кој учествуваа и атлетичари-ки од Македонија. Атлетичарката на ПАК 7-Мај, Ивана Рожман го освои првото место на 60 метри со време од 7.74 скунди, што представува најдобро остварување на овој натпревар од нашите предтсвници.
Останатите атлетичари-ки кои настапија на митингот постигнаа просечни резултати.
 
Презиме Име Дисциплина Резултат Пласман
Даутовски Енис 800m 2:00.17 5
Ефремов Кристијан 400m 54.29 15
Јанковски Јованче Височина 190 7
Мирчевски Славчо Далечина 6.41 8
Трпески Роберт 60m 7.53 12
Спасеска Александра 60m 8.26 8
Ристеска Христина 300m Престап -
Кафтаноски Филип 200m Престап -
Рожман Ивана 60m 7.74 1
Рожман Ивана 300m 41.81 6
Трендафилов Ѓорѓи 3000m 9:29.52 8
Милчевски Бојан 800m 2:03.94 11

 

     

(03 февруари 2009)
 

АФМ ги прогласи најдобрите за 2008 година

На 15 јануари на мала свеченост Атлетската федерација на Македонија ги прогласи најдобрите атлетичати-ки за 2008 година. Еве ги имињата на најдобрите по категории:
Сениор: Реџеп Селман (АК Охрид)
Сениорка: Ивана Рожман (ПАК 7-Мај)
Младинец: Кристијан Ефремов (АК Изгрев)
Младинка: Ивана Рожман (ПАК 7-Мај)
Млад младинец: Славчо Мирчевски (АК Охрид)
Млада младинка: Христина Ристеска (АК 3-Ноември)
Пионер: Софијан Рамадан (АК Тетово)
Пионерка: Елизабета Филкова (АК Љуботен)
АФМ одлучи признанија да им додели и на тренерот Ѓорѓија Ѓешовски и проф. Зоран Радиќ за придонес и развој на атлетскиот спорт во Македонија.
 

(15 јануари 2009)
 

АФМ ја усвои програмата за 2009 година, зимски припреми во Софија

Извршниот одбор на Атлетската федерација на Македонија на денешната седница ја усвои програмата за 2009 година, во која е предвидено одржување на сите домашни натпревари, учество на сите поголеми меѓународни натпревари, учество на семинари, едукација на тренерскиот кадар, набавување на атлетски реквизити, организирање на припреми за најквалитетните атлетичари-ки.
АФМ ја усвои и ранг листата на атлетските клубови за 2008 година, и донесе одлука за прогласување на најдобрите атлетичари за 2008 година.

Ранг листа на атлетските клубови за 2008 година – Севкупен пласман од Куповите на Македонија за сениори и за младинци:
1. АК “3-Ноември” од Прилеп – 126 бода
2. АК “Охрид“ од Охрид – 93
3. ПАК “7-Мај” од Скопје – 92
4. АК “Изгрев” од Велес – 91
5. АК “Кавадарци” од Кавадарци – 88.5
6. АК “Работнички” од Скопје – 65.5

Исто така беше донесена одлука и репрезентацијата во намален состав да замине на подготовки во Софија (Бугарија) како подготовка за предстојните зимски Балканси игри кои на 21 февруари ќе се одржат во Атина. Подготовките ќе се одвиваат од 20 до 31 јануари, а предвидено е и репрезентативците во проширен состав да настапат на атлетскиот митинг во сала “Академик“ кој ќе се одржи на 31 јануари во Софија.
На припреми ќе заминат следниве атлетичари-ки: Енис Даутовски, Кристијан Ефремов, Јованче Јанковски, Славчо Мирчевски, Роберт Трпоски, Ивана Рожман, Александра Спасеска и Христина Ристеска. Со нив ќе заминат и селекторот Влатко Димитров и тренерот Ѓорѓи Вучков.
На дневниот ред на денешната седница имаше уште неколку точки, кои се донесе одлука да се разгледаат на следната седница на Извршниот одбор која е планирана да се одржи на почетокот на февруари.


(15 јануари 2009)
 

Предлог календар за 2009 година

Канцеларијата на АФМ го подготви предлог календарот на АФМ за натпреварувачка 2009 година. Календарот е изработен врз основа на Статутот на АФМ и Правилникот за Атлетски натпревари во Р. Македонија.
Се молат сите атлетски клубови кои имаат предлози и сугестии за календарот за 2009 година да ги испратат до канцеларијата на АФМ по факс (02/3131325) или емаил (
kancelarija@afm.org.mk) најдоцна до 25 ноември 2008 година.

- кликнете тука за да го преземето календарот за 2009 година

(11 ноември 2008)
 

15 млади атлетичари-ки ќе добијат стипендии од АМС

Извршниот одбор на Атлетска федерација на Македонија на својот состанок одржан на ден 19 октомври 2008 година во Охрид, го разгледа барањето од Агенцијата за млади и спорт во врска со стипендирањето на 15 атлетичари-ки во категоријата спортист – спортска надеж (старосна граница до 20 години) и по предлог на Стручниот совет и Стручната тренерска комисија ја усвои ранг листата која ќе биде пријавена во Агенцијата за млади и спорт. Ранг листата е составена според постигнатите резултати во последната година, вреднувани според ИААФ бодовната таблица.

Ранг листа на 15 атлетичари-ки кои ќе добиваат стипендија од АМС:
Име и Презиме Клуб Год, на раѓање Најдобар резултат дисциплина Бодови според ИААФ таблица

Ивана Рожман

7-Мај

1989

25.2

200м

972

Христина Ристеска

3- Ноември

1991

41.1

300м

940

Александра Спасеска

3- Ноември

1990

12.71

100м

913

Кристијан Ефремов

Изгрев

1990

22.94

200м

818

Јованче Јанковски

Изгрев

1990

195

Височина

817

Славчо Мирчевски

Охрид

1991

6.45

Далечина

803

Александра Митроска

3- Ноември

1992

1:42.9

600м

787

Борче Димитров

Кавадарци

1989

6.33

Далечина

778

Катерина Станкоска

3- Ноември

1990

13.65

100м

773

Ангела Трендафилоска

3- Ноември

1991

45.3

300м

772

Мартин Нуцовски

Работнички

1989

52.08

400м

772

Фросина Ристеска

3- Ноември

1991

1:44.1

600м

762

Елизабета Филкова

Љуботен

1993

13.5

100м

760

Бојан Милчевски

Работнички

1992

2:00.39

800м

759

Симона Трајановска

Скопје

1991

1:44.5

600м

754

(21 октомври 2008)
 

Тренерите задоволни од семинарот во Охрид

Од 16 до 19 октомври 2008 година, во Охрид се одржи семинарот за тренери во организација на Атлетската федерација на Македонија и Македонскиот олимписки комитет. Предавач на семинарот беше г-дин Ахим Еке, алетски стручњак од Германскиот олимписки комитет, кој работи во Високата спортска школа во Цирих и е поранешен прв тренер на атлетската репрезентација на Швајцарија. Семинарот се одвиваше во два дела, теорија и пракса, а темите ме од областа на спринтот, скокот во далечина и трискок. На семинарот учество земаа 15 тренери од атлетските клубови од Македонија, кои по завршување на семинарот истакнаа дека вакви семинари треба да се одржуваат што почесто.
 

(20 октомври 2008)