Актуелно

НОЌНА АТЛЕТСКА ТРКА – НИЗ УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ

Ве известуваме дека согласно календарот за натпревари за 2018 година на Атлетската федерација на Македонија, по повод празникот “13ти Ноември”, денот на ослободување на Град Скопје, Атлетска федерација на Македонија во соработка со град Скопје и Градоначалникот Петре Шилегов ,ќе организира Атлетска ноќна улична трка во централното градско подрачје на 11 ноември 2018 година  со почеток во 15:00 часот.

– датум, време и место на одржување   11.11.2018 година ( недела ), 15:00 часот, Скопје- Плоштад Македонија

– покровител          Град Скопје

– организатор         Атлетска федерација на Македонија

коорганизатор      МВР

– старт – цел            Плоштад Македонија пред фонтана “ Воин на коњ” , Порта Македонија

– патека                    кружна 1200м, асфалтирана  ( прилог скица ) :

Стартот на трката ќе биде на плоштад Македонија во близина на фонтаната Воин на коњ, се трча во правец на Триумфалната капија, се врти лево и се влегува во подземниот премин на ГТЦ  се излегува од Сутеренот на ГТЦ се врти десно на ул. Војвода Васил Аџаларски покрај Градската болница се врти десно и се излегува на бул 11 Октомври кон собранието на Р.Македонија во правец  на ул Димитрија Чуповски , кај старо  Мекдоналдс, пред семафорите се врти десно на ул. Никола Вапцаров во правец на Плоштад Македонија пред фонтаната се завршува кај Плоштад Пела под Триумфалната капија.

– мерење на време  – со помош на РФИД чипови “Tag Timing”

– програма         

  Ден                                        Време                                        Активност

Недела , 11 Ноември            13:00 – 14:00                             Делење на стартни броеви

15:00                                          Отварање на настанот

15:10                                          Старт – трка за ученици – мажи  ( 1200м – еден круг )

15:20                                          Старт – трка за ученици – жени  ( 1200м – еден круг )

15:30                                          Старт главна трка за мажи и жени ( 6000 м – 5 круга )

16:00                                          Прогласување

– награди

За главната трка ( 6000 м ) во машка и женска конкуренција :

  1. место – 6000 денари / медал
  2. место – 5000 денари / медал
  3. место – 4000 денари / медал
  4. место – 3000 денари
  5. место – 2000 денари
  6. место – 1000 денари

За Училишната трка ( 1200 м ) во машка и женска конкуренција :

  1. место – медал / практична награда
  2. место – медал / практична награда
  3. место – медал / практична награда
  4. место – практична награда
  5. место – практична награда

За најмлад и најстар учесник :

– медал

Напомена : Практичните награди ќе се исплаќаат преку трансакциона сметка . Секој освојувач на парична награда ќе треба да испрати до канцеларијата на АФМ копија од трансакциска сметка и лична карта .

– право на учество

За учество во главната трка , секој што ќе се пријави преку веб странта www.smartrace.club , не подоцна од 06.11.2018 г. до 23.59 часот .

Напомена : за Училишната трка , не е потребно пријавување и стартен број .

– лекарски преглед

Сите натпреварувачи се натпреваруваат на сопствена одговорност или одговорност на клубот и Училиштата кои ги пријавуваат .

– стартни броеви :

Стартните броеви ќе се подигаат на денот на трката  помеѓу 13:00 и 14:00 часот .

– котизација :

Партиципацијата за учесниците до 06.11.2018 година изнесува 150 денари, по 06.11.2018 година изнесува 300 денари .

Лица за контакт :

Јованче Јанковски, 078 / 360 – 889,  j.jankovski@hotmail.com

World Athletics
European Athletics
Агенција за млади и спорт - Анти допинг