Актуелно

Скопје, домаќин на Европско Атлетско Тимско првенство – Трета лига

По успешната организација на Европското првенство во планинско трчање кое минатата година се одржа во Скопје (Водно), Интернационалната и Европската Атлетска Федерација довербата за организација на уште еден голем и престижен настан ја доделија на Атлетската Федерација на Македонија (АФМ).

Настанот ќе се одржи во период 10-11 август оваа година, на Арена Филип II, Скопје (Градски Стадион).

Ова ќе биде втор пат Скопје да биде домаќин на едно вакво големо Европско првенство на патека, по Европскиот Куп на 10.000м кој беше организиран во 2014 година, што ја рефлектира амбицијата и подготвеноста на АФМ да биде домаќин на континентално првенство.

Земји учеснички на ова првенство од трета лига се следниве земји:

AASSE (the Athletics Associations of the Small States of Europe) – Атлетска Асоцијација на мали земји од Европа: Гиблартар, Монако, Лихтенштајн, потоа, Албанија, Андора, Азербејџан, Ерменија, Босна и Херцеговина, Исланд, Косово, Молдавија, Црна Гора, Србија, Сан Марино и Македонија како домаќин.

Главен фаворит на тимското првенство е репрезентацијата на Србија кои минатата година испаднаа од втора лига и паднаа во нашата група, во трета лига. Нивен главен адут е скокачката во далечина и актуелна Европска шампионка во сала во оваа дисциплина, Ивана Шпановиќ.

Други фаворити од тимот на Србија се европски медалист во сала Страхиња Јованчевиќ во далечина и штафета 4х100м, поранешниот европски шампион во сала во ѓуле, Асмир Колашинац, Елзан Бибиќ на 1500м и 3000м и маратонската ветеранка Оливера Јевтиќ на 5000м.

Се очекува интересно првенство со присуство на многу актуелни светски и европски имиња од светот на атлетиката, а влезот на стадион за време на првенството е слободен, односно сите љубители на атлетиката и заинтересирани да видат што овој спорт може да понуди кај на нас, ќе можат слободно и бесплатно да ги следат настаните.

Деталите за настанот следете ги на www.skopje2019.com

Повелете и видете зошто атлетиката во светот ја нарекуваат Кралица на спортовите!!!

Ве покануваме да дојдете и да навивате за македонските репрезентативци, како и за сите останати натпреварувачи во викендот 10-11 август.

Да ги наполниме трибините!!!

World Athletics
European Athletics
Агенција за млади и спорт - Анти допинг