Актуелно

МАКЕДОНИЈА ДОМАЌИН НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО 2019

Ве известуваме дека ЕАА – Европската Атлетска асоцијација на Атлетската федерација на Македонија , и укажа голема чест и задоволство да биде организатор на досега најголем атлетски настан кој се има одржано во Република Македонија , Европско тимско првенство 3та лига , кое ќе се одржи на 10 и 11 Август 2019 година во Скопје – на Националната Арена Филип 2ри Македонски .

Предвидено е учество да земат приближно 300 атлетичари и 100 официјални лица од 12 Европски држави и тоа: Азербејџан, Исланд, Албанија, Молдавија, Андора, Грузија, Малта, Ерменија, Косово, Црна Гора, асоцијација на мали земји на Европа како и домаќинот Македонија во 40 дисциплини во машка и женска конкуренција.

World Athletics
European Athletics
Агенција за млади и спорт - Анти допинг