Актуелно

Резултати – Балканско првенство за Младинци во сала

На Балканско првенство за Младинци во сала  кое се одржа на 12ти Февруару 2022г. во Белград , а на кое во конкуренција на 250 атлетичари од 23 држави учество земаа и нашите атлетичари кои ги постигнаа следните резултати :

Кај Младинките – Камелија Кајчевска во дисциплината скок во далечина со резултат 5,01 го освои 16тото место , Сара Османовска во дисциплините 60м со резултат 8,30 го освои 13тото место и скок во далечина со резултат  4,62 го освои 17тото место , Снежана Тунеска во дисциплината 60м со резултат 8,60 го освои 14тото место ,

Кај Младинците – Огнен Стефановски во дисциплината 400м со резултат 52,30 го освои 10тото место , Владимир Битољану во дисциплината на 60м со резултат 7,43 го освои 20тото место .

Им честитаме   .

Комплетни резултати: https://data.opentrack.run/en-gb/x/2022/SRB/bich_u20/event/