Актуелно

Избор на најуспешни спортисти на Македонија за 2021 година

Во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт , традиционално и оваа година ќе се одржи Манифестацијата „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА„ за 2021 година .

Во континуитет трета година по ред нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами која имаше успешна 2021 година соборувајќи го два пати рекордот на 400метри со пречки  и со својот настап на Европското Екипно Првенство во Лимасол / Кипар на 19.06.2021 година во дисциплината 400 метри со пречки на кое го освои 1вото место , притоа исполнувајќи ја и нормата на Агенцијата за Млади и Спорт со која се категоризира како спортист од „Меѓународна категорија„ е номинирана за избор на „ Спортистка на годината „ во конкуренција на каратиската Пуликсенија Јованоска , Кик Бокс Викторија Варадинова , Фитнес и Боди билдинг Мери Акиевска ,  и Џудиската Арбреша Реџепи.

Видеото од настапот на Дрита Ислами на ЕЕП Лимасол , Кипар ( видео ) ,

Покрај Дрита Ислами , за најуспешен национален тим номинирани се Машкиот национален тим во состав Дарио Ивановски и Атанас Анчевски, и Женскиот национален тим во состав Адријана Поп Арсова и Миљана Рисич кои со своето учество на Балканското првенство во Полумаратон се пласираа на 3тото место во Екипна категорија .

Настанот ќе се одржи на 29 декември (среда) во „Македонски народен театар„ со почеток од 20:00 часот , а директниот пренос ќе се емитува на Канал 5.

Им посакуваме среќа во изборот .