Актуелно

Бронзен медал за Дарио Ивановски на Балканското првенство за сениори во дисциплината на 5000м

На Балканијадата за Сениори која се одржа на 26ти и 27ми Јуни  чиј домаќини се градовите Белград и Смедерево во Србија  и на која учествуваат околу 450 атлетичари со своите тренери од 19 земји, членки на Балканската атлетска федерација , Дарио Ивановски го освои бронзениот медал во дисциплината 5000м со резултат 14.02.32 со што го собори рекордот во оваа дисциплина стар 39 години , покрај него учество земаа нашите најдобри атлтичари и ги постигнаа следните резултати во следните дисциплини:
100м Натура Мало 12:79сек ,со резултат 21 место
400м пречки Дрита Ислами со резултат 58:07сек , 4 место
400м Јован Стојоски со резултат 47,66сек , 5 место.
3000м, Дарио Ивановски  со резултат 8:14.89 се пласира на 8 место
200м, Јован Стојоски со резултат 21:55сек , се пласира на 11 место
фрлање диск, Стефан Стефаноски го освои 10 место со резултат 46,15 .
Им честитаме на успесите .