Актуелно

Резултати – Меѓународен атлетски митинг „ Бар 2021 „

На силниот Меѓународен атлетски митинг „ Бар 2021 „ , кој се одржа денес 1ви Мај 2021 година во Бар , Црна Гора во лоши временски услови проследени со силен ветер и дожд , учество земаа преку 300 натпреварувачи-ки од 10 држави , меѓу кои и Нашите атлетичари кои ја отворија меѓународната сезона со одлични резултати .

Имено првото место и златниот медал успеаа да го освојат Гала Урдаревска во Скок во далечина со резултат 5,29 см вреден 845 бодови на иааф таблицата , Брајан Авија во фрлање ѓуле со резултат 10,50см и Давид Блажевски во трката на 300 метри со резултат 42.57сек ,до сребрениот медал успеаа да дојде Ана Божиновска во трката на 400 метри со резултат 1.01.61сек  и бронза освои Јумха Фетаху во дисциплината  фрлање ѓуле со резултат 9,90 см .

Остантатите наши преставници постигнаа солидни резултати , со кое се најавува одлична сезона и подобри резултати на следните натпревари , и тоа :

Име и Презиме
Атлетски клуб
Дисциплина
Резултат
вет
Пласман
Бодови
Гала Урдаревска
АКРаботнички
далечина
5,29
+3,7
1
845
Ана Божиновска
АК Центар
400м
61.66
/
2
782
Блажо Љушев
АК Охрид
далечинa
6.16
-1.7
5
745
Марија Јовановска
АК Охрид
100м
13.64
-0,2
12
692
Јумна Фетаху
АК 7ми Мај
Ѓуле ( 2kg )
9.90
/
3
580
Блажо Љушев
АК Охрид
100м
12.23
-2,0
17
559
Брајан Авија
АК 7ми Мај
Ѓуле 4kg ( U16)
10.50
/
1
557
Ненад Ацкович
АК 7ми Мај
400м
56.46
/
15
518
Ненад Ацкович
АК 7ми Мај
100м
12.75
-1,3
19
444
Давид Блажевски
АК 7ми Мај
300м ( U16 )
42.57
/
1
391

Им честитаме на  успех .