Во организација на Турската федерација предстојниов викен во Истанбул , Турција ќе се одржи Балканско првенство за Сениори во сала . На натпреварот учество ќе земат 22 држави членки на Балканската федерација со околу 250 учесници .
Македонската делегација предводена од Селекторот Кристијан Кајчевски ќе ја претставуваат нашите најдобри сениори Дарио Ивановски во дисциплината 3000 метри и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри кои вооедно имаат големи шанси за освојување на медали , тие изминатиот период на натпреварите во Белград остварија норми за учество на Европско првенство во сала кое ќе се одржи во Торун , Полска на 5-7 Март 2021 година.
Пренос од натпреварот : линк
Нашите атлетичари Јован Стојоски на 400 метри настапува во 15:25 часот , и Дарио Ивановски на 3000 метри во 17:25 по локално време .
Им посакуваме успех .