Во организација на Сојузот на спортски федерации на Македонија и Агенцијата за млади и спорт , традиционално и оваа година ќе се одржи Манифестацијата „СПОРТИСТ НА ГОДИНАТА„ за 2020 година .
Во континуитет втора година по ред нашата најдобра Сениорка Дрита Ислами која имаше успешна 2020 година соборувајќи го рекордот на 400метри во сала стар 40 години и со својот настап на Балканското првенство за сениори-ки одржано во Клуж Непоха / Романија на 19.09.2020 година во дисциплината 400 метри со пречки на кое го постигна 5тото место во силна конкуренција од 21 една држава е номинирана во потесниот избор во конкуренција на каратиската Вероника Костовска и Гимнастичарката Рејчел Стојанов .
Видеото од настапот на Дрита Ислами на Балканското првенство за Сениори , 19.09.2020г. Клуж непоха / Романија . ( видео )
И посакуваме среќа во изборот .