-
20.7.2026
-
Натпревари, Резултати
Македонските репрезентативки Марта Димковска и Ева Митевска успешно ги завршија своите настапи на Европското првенство за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржа во Риети, Италија.
Марта Димковска настапи во две дисциплини. На 400 метри истрча 59.87 секунди и го освои 39. место во конкуренција од 41 натпреварувачка. На 200 метри постави нов личен рекорд од 25.42 секунди, подобрувајќи го своето најдобро време за 0.20 секунди, со што го освои 38. место во конкуренција од 40 натпреварувачки.
Ева Митевска настапи на 100 метри, каде со резултат од 12.40 секунди го израмни својот личен рекорд, поставен пред една недела на Балканското првенство во Романија. Во силна конкуренција од 38 натпреварувачки, Ева го освои 35. место.
Честитки до Марта Димковска и Ева Митевска, како и до нивната тренерка Божурка Ѓошевска, за одличните настапи и достојното претставување на Македонија на најголемата европска сцена за оваа возрасна категорија!