-
20.7.2026
-
Натпревари, Резултати, Рекорди
Брајан Авија продолжува да ги поместува границите на македонската атлетика!
На Балканското првенство за младинци под 20 години во Крајова, Романија, Брајан постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7.15 метри, подобрувајќи го сопствениот рекорд за 4 сантиметри, кој го постави пред само неколку недели.
Со овој резултат, Брајан го освои шестото место во силна балканска конкуренција и уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма.
Само неколку недели претходно, на Националното првенство за сениори, Авија прескокна 7.20 метри, но резултатот не можеше да биде признаен како рекорд поради недозволен ветер. Во Крајова, со регуларен настап, тој заслужено го запиша своето име во листата на национални рекордери.
Честитки до Брајан и неговиот тренер за овој извонреден успех.