-
20.7.2026
-
Натпревари, Резултати
Македонската женска штафета на 4х100 метри за младинки до 20 години испиша нова страница во историјата на македонската атлетика!
На Балканското првенство, кое денес се одржа во Крајова, Романија, нашите репрезентативки поставија нов младински национален рекорд со време од 48.95 секунди, подобрувајќи го досегашниот рекорд поставен во 1999 година за 0.03 секунди.
Со овој извонреден настап, македонската штафета го освои и сребрениот медал, потврдувајќи дека иднината на македонската атлетика е во сигурни раце.
Штафетата настапи во состав:
Ева Митевска
Тамара Атанасовска
Лина Исени
Марта Димковска
Искрени честитки до нашите репрезентативки и нивните тренери за овој историски успех!