Балканско првенство за млади младинци под 18 години – Ново Место, Словенија

Македонските репрезентативци успешно настапија на Балканското првенство за млади младинци под 18 години, кое се одржа во Ново Место, Словенија.

Најуспешен настап од македонскиот тим имаше Тамара Атанасовска, која на трката на 100 метри постави нов личен рекорд со време од 12.75 секунди.

Резултати на македонските репрезентативци:

Марта Димковска (400 метри) – 59.66 секунди, 10. место од 13 натпреварувачки.

Ева Митевска (100 метри) – 12.67 секунди, 14. место од 21 натпреварувачка.

Тамара Атанасовска (100 метри) – 12.75 секунди (личен рекорд), 17. место од 21 натпреварувачка.

Димитар Корчаковски (100 метри) – 11.29 секунди, 15. место од 18 натпреварувачи.

Македонската репрезентација беше предводена од тренерката Божурка Ѓошевска.

Атлетската федерација на Македонија им честита на младите репрезентативци и нивната тренерка за успешниот настап и им посакува многу нови лични рекорди и успеси на претстојните меѓународни натпреварувања.