Македонската штафета 4х400м со нов Национален Рекорд

На Националното првенство за сениори, кое викендов се одржа во Скопје, машката штафета на Македонија постави нов национален рекорд во дисциплината 4х400 метри.

Македонската штафета истрча време од 3:15.82, со што го подобри досегашниот национален рекорд од 3:20.69 за речиси пет секунди.

Штафетата настапи во состав: Огнен Стефановски, Михаил Петров, Гилман Јунузи и Јован Стојоски.

Со овој резултат, македонските репрезентативци остварија значаен успех и поставија нови стандарди во оваа дисциплина. Атлетската Федерација на Македонија им честита на нашите репрезентативци за овој извонреден успех.