Нов Национален Рекорд на Јован Стојоски

На Балканското Првенство за Сениори во Волос, Грција, Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки со резултат од 51.78 секунди освојувајќи го 9-то место.

Со овој резултат Стојоски го подобри сопствениот национален рекорд од 52.23 секунди, поставен пред само една недела, и продолжи со одличните настапи во текот на сезоната.

Новиот резултат претставува подобрување од 0.45 секунди и уште една потврда за неговата одлична форма.

Честитки до Јован Стојоски за овој значаен успех и достојното претставување на македонската атлетика.