-
24.6.2026
-
Натпревари, Резултати
Македонските атлетичари успешно ја претставија државата на Балканското Првенство За Сениори 2026 во Волос, Грција.
Најдобар пласман оствари Андреас Трајковски, кој го освои четвртото место во скок во далечина со резултат од 7.68 метри.
Четврто место освои и Огнен Стефановски во десетобој со нов национален рекорд од 7207 поени.
Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки, освојувајќи го деветтото место со резултат од 51.83 секунди.
Во штафетата 4х100 метри, македонскиот тим во состав Андреас Трајковски, Владимир Битољану, Михаил Петров и Јован Стојоски го освои деветтото место со време од 42.38 секунди.
Мелиса Димитриоска го освои 16-тото место на 100 метри со резултат од 12.01 секунди, додека Михаил Петров се пласираше на 16-тото место на 400 метри со време од 49.51 секунди.
Брајан Авиа го освои петтото место во скок во височина со прескокнати 1.95 метри, а во скок во далечина се пласираше на 14-тото место со резултат од 6.73 метри.
Михаил Петров имаше успешен настап на 400 метри, каде со резултат од 49.51 секунди го освои 16-тото место.
Атлетската Федерација на Македонија им честита на сите репрезентативци за успешните настапи и достојното претставување на Македонија.