-
08.6.2026
-
Натпревари, Резултати, Рекорди
Македонската атлетика доби нов национален рекорд во младинска конкуренција.
На Националното Првенство За Младинци До 20 Години, кое се одржа на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, Брајан Авиа (АК 7ми Мај) постави нов младински национален рекорд во скок во далечина со резултат од 7.11 метри.
Со овој резултат Авиа го подобри досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година, со што по 16 години беше испишана нова страница во историјата на македонската атлетика.
Покрај националниот рекорд во скок во далечина, Авиа имаше уште еден одличен настап, освојувајќи го првото место и во дисциплината трискок со резултат од 13.74 метри.
Новиот рекорд претставува потврда за континуираниот напредок на младиот атлетичар и за квалитетната работа на неговиот тренер и клуб.
Атлетската Федерација на Македонија му упатува искрени честитки на Брајан Авиа за овој значаен успех и му посакува уште многу рекорди и успеси во иднина.