Дарио Ивановски на високото второ место на Белградскиот маратон

Нашиот атлетичар Дарио Ивановски денес оствари одличен резултат, освојувајќи го второто место на Белградскиот маратон!

Ивановски ја истрча маратонската дистанца за 2:09:35, што претставува второ најдобро време во неговата кариера и уште една потврда за неговиот висок квалитет на меѓународната сцена.

Овој резултат е јасен показател дека Ивановски се наоѓа во одлична форма во пресрет на претстојните меѓународни настапи, меѓу кои и Европското Првенство кое ќе се одржи во Бирмингем во август.

Честитки до Дарио за овој значаен успех!