Меѓународен митинг „Отворање на сезоната 2026“ – Скопје

На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје се одржа меѓународниот митинг „Отворање на сезоната 2026“, со учество на голем број атлетичари и остварени квалитетни резултати на почетокот на сезоната. Издвоени настапи на митингот:

Спринт дисциплини:

Женската трка на 100 метри понуди најголема длабочина и квалитет, каде Ева Митевска (Работнички) триумфираше со одлични 12.69, пред Мелиса Димитриоски (12.73) и Марта Димковска (12.87). Кај мажите, најдобар резултат на 100 метри оствари Михаил Петров (Делта) со 11.10, а дополнително се истакна и младиот Димитар Корчаковски (15г), кој на 100 метри истрча одлични 11.58. На 400 метри во машка конкуренција победи Леон Тачи со време 48.36 со највреден резултат на митингот по бодовите на светска атлетика. Во женска конкуренција, најбрза беше Медина Кутлеши со 57.59. Средни дистанци

Во женската трка на 800 метри победи Ирма Хајдари (Олимп) со време 2:23.61, пред Медина Фејза (2:25.60) и Дарија Крстевска (2:28.62), додека во женската трка на 1500 Хајдари ја потврди својата доминација со победа и истрчано време 4:55.48, додека Крстевска заврши втора. Кај мажите на 800 метри, Бојан Чаприќ беше прв со 1:59.92, додека на 1500 метри победи со време 4:15.56.

Митингот го означи успешниот почеток на новата атлетска сезона, со настапи кои најавуваат интересни натпревари и силни резултати во периодот што следува.