Турнир во штафетно трчање во Скопје

 
На 5 април во Скопје се одржа Турнирот во штафетно трчање, кој донесе динамични и атрактивни трки во повеќе дисциплини и одлични настапи на македонските клубови.
 

Шведска штафета (100-200-300-400)

 
Мажи:
 
1. Колибри  – 2:09.27
2. 7ми Мај  – 2:10.92
3. АК Вардар – 2:50.51
 
Жени:
 
1. АК Работнички  – 2:27.15 ( Национален Рекорд за млади младинки )
2. АК Шкендија  – 3:02.11 
 
4x100м – жени
 
1. АК Работнички – 54.46
2. АК Камјани – 57.00
3. АК Делта  – 58.30 
 
4x400м – мажи
 
1. Работнички – 4:01.77 
4x100м – мажи
1. АК Аеродром Скопје  – 53.45
2. АК Лепенец 2020  – 55.17
3. АК Делта – 56.01 
 
Посебно достигнување оствари штафетата на Работнички (100-200-300-400) кај девојките кои поставија нов национален рекорд во категорија млади младинки, потврдувајќи го големиот потенцијал на новата генерација.
Овој натпревар уште еднаш покажа дека штафетното трчање носи посебна енергија, тимски дух и возбудливост на атлетската патека.
 
Атлетиката е најсилна кога се трча заедно, честитки до сите учесници и клубови!