-
06.4.2026
-
Резултати, Рекорди
Македонската атлетика доби нов историски ден, на денешното Национално првенство и Куп натпревар на 10.000 метри, двајцата наши атлетичари испишаа нови страници во историјата на македонската атлетика:
Дарио Ивановски – 1. место (сениори) и нов национален рекорд (сениори) со време од 29:07.11 и подобрување на рекордот за 24 секунди во однос на претходниот кој истотака беше во негова сопственсост.
Дарија Крстевска – 1. место (сениорки) со време од 40:14.11 и нов национален рекорд (У20) со подобрување за над 2 минути и 30 секунди од претходниот рекод на Рената Соколовска.
Овие резултати се јасен показател за растот и квалитетот на македонската атлетика, како и за силниот потенцијал на новата генерација. Честитки до нашите атлетичари за повеќе од успешното отворање на сезоната.