-
23.3.2026
-
Вести, Резултати, Рекорди, Настани
На Светското првенство во сала, кое се одржа од 20 до 22 март во Торун, Полска, македонскиот репрезентативец Јован Стојоски оствари одличен настап на дисциплината 400 метри.
Со истрчано време од 47.93 секунди, што воедно е и негов најдобар резултат за оваа сезона во сала, Јован го освои 24. место во светот.
Овој резултат претставува силен показател за неговата форма и стабилен напредок, како и одлична најава за претстојната сезона на отворено.
Честитки до Јован за успешниот настап и достојното претставување на Македонија!